КСС на 30 март на протест, доколку нема усогласување на платите

0
271

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) на 30 март ќе излезе на протест пред Собранието изразувајќи незадоволство што досега не е направено усогласување на останатите плати со миниминалната плата во јавниот сектор.

„Минималната плата стапи на сила од 1 март, а она што беше барање за скалесто покачување на платите не доби поддршка од економско-социјалниот Совет и не стигна до Собрание. Минималната плата требаше да се покачи, ние дадовме цврста поддршка на ССМ, но не можеме да толерираме понатамошно манипулирање со јавноста и со членството околу скалестото покачување на платите. Од причина што 400.000 од вработените во земајав земаат средна плата од околу 21.700 што значи живеат на раб на сиромаштија, ние донесовме одлука најпрво да излеземе на улица на 30 март во 15.30 пред Собрание да го искажеме нашето незадоволство бидејќи уште во ноември минатата година испративме допис до сите поратеници во Собранието и баравме усогласување на минималната плата“, вели претседателот на КСС, Благоја Ралповски и додава дека доколку и после тој протест надлежните останат глуви на нивните барања, ќе следи генерален штрајк на вработените во јавниот сектор.

Законот за административни службеници, според Ралповски, е една голема манипулација.

– Се обидуваа да го покачат само бодот на оние со најниска категорија на звања, тоа е Г категорија за да можат сите да земаат од Г1 до Г4 минимална плата заедно со помош на техничкиот персонал, а она што се шират шпекулации во јавноста за нов закон за административни службеници тој никако не може да биде донесен сега затоа што има процедура. Тој закон е донесен со европски препораки и мора да оди на јавна расправа во Брисел, на Економско-социјален совет па потоа да се менува законот за административни службеници, рече Ралповски на денешната прес-конференција.

Од КСС бараат од Владата да го покачи бодот во јавниот сектор, со што велат ќе се реши проблемот на вработените во јавните институции кои сега живеат на работ на сиромаштија.