Денеска (25.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода T.М.(37) од село Василево, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања амфетамин и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и за настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Related Posts
Приведен прилепчанец во Битола, кај него пронајдена граната
На улицата Широк сокак во Битола, вчера, полициски службеници го привеле Р. И. (53) од Прилеп, со живеалиште во Битола,…
Пецаков: По повод 30. Мај, Светскиот ден на лица со Мултипла склероза упатувам јавна поддршка до сите наши сограѓани кои се борат со ваков животен предизвик
Како чинители и членови во една општествена заедница треба да се обединиме и да ја подигнеме јавната свест за Мултипла…
Бугарија да ги регистрира македонските здруженија, бара Советот на Европа
Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз…