Европа потпишува договор за гас со САД

Соединетите Држави ќе се обврзат да обезбедат најмалку 15 милијарди кубни метри гас до крајот на годинава, пишува Би-би-си.

Европските држави се борат да ја намалат зависноста од руските фосилни горива по инвазијата на Москва на Украина.

Договорот беше објавен денеска, за време на тридневната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Брисел.

ЕУ вети дека ќе ја намали употребата на руски гас за две третини оваа година преку увоз од други земји и зголемување на обновливата енергија.

Синоќа белгискиот премиер Александар де Кро го поздрави потегот велејќи дека тоа ќе помогне да се намалат цените на гасот во Европа.