Насилен упад во зградата на РТС: 40 лица влетале во српската телевизија

0
420

Членови на организацијата „Достојни за Србија“ попладнево влегле во зградата на Радио телевизија на Србија. Како што објавуваат српските медиуми упадот го направиле затоа што биле незадоволни од работата на РТС, па решиле насилно да влезат во зградата на српската телевизија.

„Телеграф“ пишува дека тие не сакале да си заминат од зградата и дале пасивен отпор, но полицијата ги извлекла и ги привела во полициска станица.

„Достојни за Србија“ на нивната официјална веб-страница се декларираат како движење предводено од волјата на народот на Србија, кое ги обединува сите поединци и групи кои се борат со иста цел, а тоа е, пред сè, ослободување, а потоа духовно и материјално исцелување на Србија.

видеото на овој линк.