Кличко- Викендов засилен полициски час во Киев

0
285

Во главниот украински град Киев ќе биде воведен нов полициски час од 26 март до 28 март утрото, соопшти денеска градоначалникот Виталиј Кличко.

„Воената команда одлучи да го засили полицискиот час. Тој ќе започне денеска од 19 часот и ќе трае до 7 часот наутро на 28 март“, напиша Кличко на апликацијата за споделување пораки Телеграм.

За време на полицискиот час, на жителите на Киев ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за да стигнат до засолниште за бомби.

 

Радио Слободна Европа