Во поранешна свињарска фарма во с.Речица, кумановско, најдени 23 мигранти од Пакистан

0
276

На 25.03.2021 во периодот од 22.40 до 23.30 часот во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во с.Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле 23 лица мигранти од Пакистан. На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање. Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.