извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони.
Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дојдее ТВ 21, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 29,5 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава.
Процентите варираат доколку во вкупниот број на население се вбројат и оние кои живеат во дијаспора, како што е предвидено со закон.
Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%.
Не се знае дали овие бројки ја предизвикаа изјавата од пред неколку дена на директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој рече дека ќе биде прогласен за „државен непријател“.
Текстот во целост на: ТВ21