Ковачки: Лагите на СДСМ на виделина – Никаде во Извештајот на ГРЕКО нема препорака за унапредување во МВР без критериуми и по 3 скалила одеднаш

0
304

Лагите на СДСМ и Оливер Спасовски повторно се распукаа како меур од сапуница.  Еве го извештајот и препораките од ГРЕКО. Никаде во препораките нема насока министерот да може да унапредува по 3 места одеднаш.  СДСМ и Спасовски повторно со лаги и измами, криејќи се зад наводни препораки, вметнуваат деструктивни решенија во законите. Oва се штетни решенија кои наместо да бидат во функција на спречување на корупцијата и партизацијата, тие се катализатор на истите, истакна на денешната прес конференција Драган Ковачки од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Со уништувањето на системот за кариера кој беше граден со помош и на ЕУ, односно преку озаконувањето на унапредување на вработените без критериуми и тоа за 3 скалила одеднаш, се СТИМУЛИРА корупцијата во високите редови на МВР и се врши партизација до најниските нивоа во министерството.

На овој начин, лице поставено како водич на безбедносен реон во полициска станица со чин помлад инспектор, ќе може директно да биде назначено за командир на полициската станица.

Или второ, лице – самостоен инспектор, вработено во некој сектор на Одделот за организиран криминал во МВР во кој има Одделенија и Сектори, преку ноќ, со потпис на Спасовски ќе може да биде назначено за началник на целиот Оддел, т.е. да им стане началник на сите дотогашни началници на одделенија и сектори во рамките на тој Оддел што брои неколку стотици луѓе.

Спасовски е должен да и објасни на македонската јавност, зошто за безбедноста на граѓаните ќе се грижат лица без потребните компетенции и без искуство и дали се тоа европските вредности за кои се залагаат.

Вакво штетно законско решение не постои никаде во Европа.

СДСМ прави преседани за во иднина и истите ќе имаат влијание на професионалноста и меѓучовечките односи во МВР, а со тоа и на безбедноста на државата.