Богоев: ВМРО ДПМНЕ се плаши од редовни избори

Колумна на Стефан Богоев: ВМРО ДПМНЕ се плаши од редовни избори

Нема ништо ново во барањето на опозицијата за избори. Ама има еден основен и голем проблем, граѓаните се скептични во однос на ВМРО ДПМНЕ. На граѓаните уште им се свежи сеќавањата од единаесетгодишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ, и кога Мицковски од „белата палата„ која и симбол за уживањето во луксузот од украдените пари, повикува на нови избори за да се справел со криминалот и корупцијата, личи на арамија кој бара да му ги дадеме парите да ни ги чува.

Со папаглаското повторување дека се потребни предвремени избори „за спас на земјата„ овие „спасители„ од истата бела палата не мислат на граѓаните. Зад таквите повици на Мицковски и на ВМРО ДПМНЕ сепак се крие стравот од одржувањето на избори во редовниот рок, односно во 2024 година.

СДСМ покажа дека лидер на партија во нашата земја може да си поднесе оставка на функцијата и кога е на власт а не само во опозиција, и тоа не само да не доведе до големи потреси во партијата и во земјата туку да биде причина за создавање на поголемо и поцврсто мнозинство во Собранието. И тоа го буни Мицковски на кого не му паѓаше на памет да си поднесе оставка или да овозможи гласање во неговата партија за неговата одговорност по сите претходно изгубени избори.

​По овој чин Република Сверена Македонија го напушти друштвото на земјите со хибриден режим, односно се ослободи од „титулата„ која му ја донесе владеењето на ВМРО ДПМНЕ.

Според Индексот на корупцијата, Република Северна Македонија, во 2022 година е рангирана на 87 место во светот и има напредок за 24 места во однос на претходната година.

Минималната плата на работниците од 8.800 денари во 2016 година е зголемена на 18.000 денари во 2022, со што Република Северна Македонија веќе не се нуди како земја со евтина работна сила и незаштитени работници .Во 2016 година минамалната плата беше само 38 % од просечната а сега изнесува 57 % од просечната и тоа нема да се менува.

​Пензиите во земјата исто така се зголемуваат за историски највисоко ниво.
​Признанијата и судските процеси за криминалот на ВМРО ДПМНЕ и фалсификувањето на изборите од страна на функционери на таа партија, како предметот „Титаник“ секојденевно на граѓаните им ја предочуваат нивната „технологија на владеење„ и нивното признавање дека фалсификувале избори.

​А „отчетот„ на градоначалниците избрани од листата на ВМРО ДПМНЕ и активноста на градоначалничката на Скопје, покажуваат за какви неспособни кадри станува збор и со какви лаги и лажни ветувања таа партија доаѓа на чело на локална власт.
​Коалиционите партнери на ВМРО ДПМНЕ, како што е партијата Левица, со кои направија обид да биде сменета власта и да формираат влада, јасно ја демонстрираат својата подршка за руската агресија врз Украина, и јасно станува што ќе се случеше ако тие вистина формираа или формираат влада.
​Република Северна Македонија успешно се справи со пандемијата на Ковидот која за среќа полека се стишува.

Владата предводена од СДСМ брзо реагираше и во однос на најголемата економска и енергетска криза. Ја субвенционира струјата со 80%, го реши проблемот со парното и спроведува мерки вредни 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството. Резултатите од овие мерки веднаш се видливи, ценовен шок е спречен, стабилни се цените на храната, имаме најмали цени на горива во регионот, снабдувањето е нормално.

​А сето тоа ги загрижува Мицковски и неговата партија.

​Секој успех на владата и на земјата ним им е ноќна мора. Тие се вадат од памет со секое подобрување на состојбата во земјата и секое подобрување на стандардот на работниците и пензионерите. И затоа нивната единствена политика им е оцрнување на земјата и блокирање на сите институции и процеси. Потоната во својата немоќ да предложи и направи било што конструктивно, додека траат судските процеси за невидениот крининал од нивни највисоки функционери. Тие тврдат „ние сме нов тим, со нови идеи, нова доктрина„, ама партијава ја води и натаму Христијан Мицковски кој беше советник на Никола Груевски и функционер во неговата криминална влада.

И затоа секој ден до изборите во 2024 година за ВМРО ДПМНЕ носи нови стравови и неизвесности. А најголемиот нивен страв е дека граѓните пак ќе ги прочитаат.