(ФОТО) Столе Димитриевски доби огромен мурал во родното Куманово

0
418

Голманот на Македонската фудбалска репрезетанција Столе Димитриевски доби огромен мурал во родното Куманово.

Уметниците Младен Трендевски и Дејвид Стоилковски од Здружението за ликовна уметност „Форма“, го исцртаа ликот на Димитриевски пред влезот од населбата Перо Чичо.

Како што велат тоа го сториле самоиницијативно и со сопствени финансии со цел да му дадат поддршка на нашиот голман за досегашните, но и идни успеси во националниот дрес.