Три лица се повредени во судирот што се случил денеска во близина на мостот Сарај.
Како што соопшти МВР, 10:10 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Ѓорче Петров со улицата Сарај, во близина на мостот Сарај, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б. (52) од скопското село Љубин и возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од Љ.С. (51) од Охрид.
Двајца возачи и сопатничката С.С. (46) се здобиле со повреди и се пренесени на Клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје“.