Владата на СДСМ ги доведе до питачки стап и пензионерите. Со тоа што денес се фали Владата на СДСМ е недоволно како помош бидејќи на пензионерите премногу им скрати. Владата три години краде од парите на пензионерите.Потребно е покачување од 20% на пензиите, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Владата на СДСМ го укина моделот на раст на пензиите кој сега го враќа од 2018 година.
СДСМ ако сака реално да им помогне на пензионерите нека го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, тоа ќе ги израмни пензиите и ќе го зачува стандардот на пензионерите.
Владата на СДСМ не се грижи за граѓаните бидејќи е зафатена како од голтари да станат милионери.