На 29.03.2022 во 05.15 часот на ул.„Македонска Фаланга” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(48) од Битола. Тој бил затекнат при кражба на нафта од резервоарот на парно греење во средното медицинско училиште. Кај него биле пронајдени 12 туби со вкупно 260 литри нафта. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 235 од Кривичниот законик.
Related Posts
Грците врз новите налепници ни лепат други – „Вие не сте Македонци туку „Слав-Вадаска“
Во Грција не помагаат ни новите налепници што ги лепиме поради нив.Граѓани кои деновиве биле кај јужниот сосед се жалат…
Двојно убиство во Челопек!
Најмалку две лица се убиени попладнево во тетовски Челопек. Според информации на ТВ21, трето лице е повредено и итно префрлено…
DW: Конфликтите во Косово, Израел и Украина го вклучија алармот- ќе се состане македонскиот Совет за безбедност
Република Северна Македонија во моментов нема лоцирано закани по безбедноста на државата и на граѓаните. Институциите, безбедносно – разузнавачките служби…