Утре предупредувачки протест на синдикатите, ако не се исполнат барањата од 11 април нема настава и градинки?

0
456

Утре 30 март ќе се одржи предупредувачки протест кој го организира Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) а кој го поддржа и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК. Ако не им се исполнат барањата од 11 април ќе има генерален штрајк, а во деновите кога ќе се штрајкува, вработените во училиштата и во градинките ќе бидат на своите работни места, но нема да згрижуваат деца и нема да има воспитно-образовен процес. Јаким Неделков претседателот на овој синдикат изјави дека во случај на штрајк вработените ќе бидат на работните места, односно ќе бидат во заедничка просторија во која ќе седат до крајот на работното време, објави Фактор.

Инаку овие синдикати бараат усогласување на платите врз основа на зголемување на минималната плата на национално ниво, како и почитување на Законот за минимална плата и колективните договори. КСС е поддржан и од повеќе други синдикати, односно од околу 30.000 работници.

Според објавеното СОНК е убеден дека нивниот организиран протест ќе биде успешен и дека нивните оправдани барања ќе бидат сериозно сфатени.

„Сепак, сметаме дека по пат на социјален дијалог ќе се изнајдат взаемно прифатливи решенија за гранските синдикати при КСС и Ве уверуваме дека СОНК и во иднина ќе им ја дава целосната поддршка за сите чекори што би ги преземале. Ви посакуваме успех во Вашата мисија, со надеж за остварување на истата, секако со нашето присуство на протестот кој ќе се одржи на 30.03.2022 година во 15:30 часот пред Собранието на Република Македонија, соопштија од КСС, објавувајќи го писмото на СОНК.

Тектот во целост на: Фактор.