(ВИДЕО) Поп од СПЦ не сакал да плати во „Лидл“, интервенирала полицијата

0
469

Полицијата изнела свештеник на Српската православна црква од продавницата на Лидл во српскиот град Инѓија бидејќи упорно одбивал да ги плати производите што ги избрал за купување, објави денеска локалниот портал Инмедија, пренесе Бета.

Според очевидци, тоа се случило во понеделникот, на 28 март, во вечерните часови, кога свештеникот ги убедувал продавачите да не му наплаќаат за производите што ги земал и да му ги однесат во автомобилот.

Откако персоналот долго време одбивал да го стори тоа, свештеникот седнал на подот и протестирал, а вработените повикале полиција, која го изнела од продавницата.