Во рудникот Соко во близина на Сокобања се случи експлозија на метан од која се урна дел од јамата, а рударите останаа заробени. Според првите информации загинати се осум лица, а над 20 рудари се повредени.
– Несреќата е многу голема, осум лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени, изјави за РТС директор на Здравствениот дом во Алексинац, Родољуб Живадиновиќ.
Тој кажа дека некои повредени рудари веќе се префрлени во општата болница во Алексинац, а повеќе од 20 од нив се полесно повредени.
Досега дури 65 рудари се извлечени од рудникот Соко .