Пецаков: Најдобар начин да валоризираш нечиј труд е преку изразување континуирана поддршка

0
303
Во таа насока се движи и нашата определба за поддршка на учениците и студентите од Охрид.
✅ Денеска се исплатени три рати од стипендиите кои по претходно распишан Конкурс, Општина Охрид ги предвиде за ученици од основно и средно образование, студенти и лица со посебни потреби и ретки болести од Охрид.
✅ На 137 основци им се исплатени по 4 500 денари или вкупно 616 500 денари.
✅ На 92- ца средношколци им се исплатени по 4 500 денари или вкупно 414 000 денари.
✅ За 15 студенти се исплатени вкупно 135 000 денари, а на 30 лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени вкупно 144 000 денари.
👉 Идниот месец е предвидено да се исплатат наредните три рати од средствата што Општина Охрид ги предвиде за овие категории лица.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.