(Видео) Гори напуштена барака во Пржино

0
350

Кисела Вода мириса на чад, на запалено. Густи облаци чад се шират и се гледаат и од центарот на Скопје, но и од другите населби. Се претпоставува дека пожарот настанал од запалено ѓубре кое се наоѓа во објектот.

На терен освен противпожарни возила може да се забележат и возила на итната медицинска помош и полиција, Објави 24инфо.

 

„Интервениравме со три возила и 10 пожарникари. Засега нема информација за причината за настанатиот пожар“, открива Ѕвонко Томевски, командирот на Пожарна.

извор и видео: 24инфо