Ковачевски: Работните групи овозможуваат напредок и опипливи резултати во дијалогот со Бугарија

„Мојот и оптимизмот на премиерот Петков се должат на напредокот во работата на работните групи што ги формираа Владите на Северна Македонија и Бугарија. Наспроти минимумот комуникација помеѓу двете соседни држави и со медиумски простор во кој доминираа од пропагандисти, сега имаме опипливи резултати“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „360“ на ТВ Алсат-М.

„Веќе имаме директен авионскиот лет за којшто се зборуваше на првата средба. Веќе ги имаме првите стипендии коишто се доделуваат на наши студенти во Бугарија, и истото ќе го направиме и во Северна Македонија. Имаме потпишано повеќе други договори и меморандуми за соработка во транспортот, во културата… Оттаму е изразеното задоволство кај премиерот на Бугарија и кај мене“, нагласи премиерот Ковачевски.

За критиките кои што ги упатуваа од опозицијата премиерот Ковачевски посочи дека се докажа дека јазикот, идентитетот и посебноста на македонскиот народ воопшто не се предмет на разговорите и дека опозицијата има редовна пракса да ги критикува сите договори со кои се прави стратешки исчекор на нашата држава.