Каевски: Со антикризните мерки сметките на граѓаните ги намаливме за 4.000 денари месечно

СДСМ, преку институциите и Владата успешно ги менаџира последиците од најголемата економска и енергетска криза во светот во последните 70 години. Антикризните мерки, вредни 400 милиони евра, за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството даваат резултат. Ефикасното и брзо реализирање на само неколку мерки на Владата сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно. Во време на огромна криза ова е многу значајно, истакна Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

Само со една мерка, намалување на ДДВ за основни производи за човечка храна од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда односно ефект има кај мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Со намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно акцизата, директен ефект од 300 денари заштеда месечно за граѓаните, согласно просечната потрошувачка на гориво по домаќинство.

Притоа ова е само директен ефект врз горивата за возење а индиректно ги штити и цените од пораст.

На овие мерки може да се додат покачувањата на минималната плата за двојно до времето на ВМРО-ДПМНЕ, помошта за пензионерите од 1.000 денари месечно и рекордното зголемување на пензиите, како и поддршката на ранливите граѓани.

За неполни 100 дена, СДСМ и премиерот Ковачевски успеа да донесе ефикасни мерки и многу сериозно да го намалиме ценовниот шок и да го заштитиме стандардот на граѓаните.

Секако дека сите овие мерки целосно нема ги решат сите проблеми. Живееме во огромна криза и јасно е дека сите ги чуствуваме економските последици.

Но, она што е важно е дека Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го го насочиме за поддршка на граѓаните и компанииите.

Така и ќе продолжиме, одговорно, ефикасно, со вистински и издржани економски политики.