Во текот на вчерашниот ден (02.04.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 188 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.
Related Posts
Кривична пријава за несовесно работење во службата и отказ за 15 високи службеници во МВР
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење…
Вработени во „Еуроникел индустри“ ќе поднесат барање за стечај во фабриката
Вработени во „Еуроникел индустри” денеска ќе поднесат барање за стечај во фабриката, барајќи обесштетување, да им бидат исплатени три неисплатени…
Ковачевски: Им честитам на претседателот Вучиќ и премиерот Курти за храброста и визионерството, посакувам успех на сите граѓани на Србија и Косово на патот кон ЕУ
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, по завршувањето на дијалогот меѓу Србија и Косово, кој под покровителство…