(ФОТО) Уште една убава вест доаѓа од Скопје ЗОО, се роди Буби – бебе од видот двогрба камила

0
263

Уште една убава вест доаѓа од Скопје ЗОО. За првпат имаме бебе од видот двогрба камила (Бактријан) кое се роди пред една недела.
Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе, велат од Скопската Зоолошка градина.