Возовите со кои управува националната железничка мрежа денеска се запрени ширум Холандија, поради, како што објави операторот, технички проблеми.
Железничкиот оператор НС соопшти дека е идентификуван проблем во софтверскиот систем и дека тој не е предизвикан од хакерски напад.
Возовите ќе бидат запрени до 17 часот до кога ќе се работи на решавање на проблемите.