За денеска е најавена нова рунда разговори на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) со Владата. Претседателот на СОНК Јаким Неделков деновиве изјави дека се надева оти владините претставници ќе излезат со одредена понуда. Според него, штрајкот најавен за 11 април ќе трае се додека не се исполнат нивните барања, но дека е недозволиво тие да бидат задоволени со проектирање на буџетот за 2023 година. СОНК бара следење на процентот на пораст на минималната плата односно за 18,4 проценти да се зголемат платите за потоа да се изнајде системско решение и во иднина да не се протестира секогаш кога ќе се зголемува минималната плата.
Related Posts
Инфективна клиника: Пристигна лекот за конго-кримска хеморагична треска, пациентката која е инфицирана е стабилна
Лекот кој е единствена на располагање во тешки клинички форми на болест е пристигнат во држвата во текот на вчерашниот…
Најголемите синдикати од здравството утре излегуваат на протест
Здравствените работници излегуваат на протест. Утре во 10 часот, за време на паузата, лекарите и другиот медицински персонал во координација…
Царината заплени обврзници со вредност од 92 милиона долари
Царинската управа заплени 184 обврзници со вкупна вредност од 92 милиона долари. Како што соопшти денеска директорот на Управата Стефан…