Во текот на вчерашниот ден (03.04.2022) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 913 возачи. Од нив 67 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 10 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 494 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 419 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Related Posts
На фон дер Лајен „случајно“ и се избришале пораките со шефот на Фајзер каде договараат вакцини за 35 милијарди евра
Шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, наводно, долго време се допишувала со првиот човек на Фајзер пред набавката…
Скандал: Коалицијата СДС, ДУИ и Левица на полноќ, на вонредна седница додели 630 милиони денари на ЈСП на Арсовска, велат од ВМРО ДПМНЕ
Како шверцери кои прават криминал, советниците на СДС, ДУИ и Левица на полноќ побараа вонредна седница во советот на Град…
Словачки медиуми: 71-годишниот писател Јурај Цинтула пукал во премиерот Роберт Фицо
Словачки медиуми објавуваат неофицијални информации човекот кој пукаше во словачкиот премиер, Роберт Фицо, 71-годишниот писател Јурај Цинтула, приврзаник на либералната…