При објавувањето на податоците од пописот во делот на религиозната припадност, беше направена техничка грешка, па така како граѓани кои се изјасниле како атеисти беше наведена бројката од 355, наместо 8.764 лица кои се изјасниле дека не се верници, изјави за МКД.мк Апостол Симовски, директор на Државен завод за статистика.
Симовски во изјавата за МКД.мк нагласи дека станува збор за замена на местата на бројките, односно наместо 355 евангелисти – методисти било наведено „атеисти“. Тој додава дека со последниот попис е заведена и графа за агностиците, зашто така барале да бидат заведени тие граѓани (1 964 лица).
Тој нагласи дека другите податоци се во ред и дека граѓаните можат сите податоци кои се во нивен интерес да ги пронајдат во МакСтат базата на Заводот за статистика.