Илон Маск купи 9,2 отсто од акциите на Твитер

0
508

Илон Маск, основачот на производителот на електрични автомобили „Тесла“ и компанијата за истражување на вселената „Спејс екс“, купи 9,2 отсто од акциите на Твитер, станувајќи еден од најголемите акционери во компанијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Американската Комисија за хартии од вредност на САД (SEC) ја откри неочекуваната инвестиција на извршниот директор на „Тесла“.

Според моменталната цена на акциите, неговиот удел вреди околу 2,9 милијарди долари.

По аквизицијата, акциите на Твитер пораснаа за околу 26 проценти на пазарот.

извор: Агенција Анадолија (АА).