20 години затвор за Прилепскиот тренерот по џудо кој сексуално злоупотребувал девојчиња

0
272

46-годишниот тренер по џудо од Прилеп кој извршил обљуба врз малолетни девојчиња кои му биле доверени, нивните сведочења како и доказите биле доволни за Основиот суд од Прилеп да му изрече казна затвор од 20 години, потврдил портпаролот на судот Жарко Велевски, а пренесува ММС.

-Обвинетиот е осуден за четири кривични дела – „Обљуба и злоупотреба ба службената положба и овластување“ врз малолетни девојчиња кои наполниле 14 години,  според членот 189 од Кривичниот законик. Досудена му е единствена казна затвор од 20 години, додека му е изречена и забрана за вршење дејност и професија во траење од 10 години, изјави Велески.