Несоодветното институционално управување со риболовот и штети врз економијата и екологијата во РСМ, критикува ЕУ

0
302

Несоодветното

 институционално управување во областа на риболовот доведе до нелегален риболов и масакр на ендемичниот подводен свет во Северна Македонија. Земјата, во последниот Извештај за напредокот објавен од Европската комисија, доби и низа критики во овој поглед. Поглавјето 13 ја повикува Северна Македонија што поскоро да ја усогласи националната правна рамка со Заедничката политика за риболов на ЕУ, поконкретно само со делот од правилата што важат за езерскиот и речниот риболов, пишува Порталб.мк

Иако Северна Македонија не се одликува со голема водна површина, риболовот во езерата и реките на нашата земја е многу важна област на делување. И додека бројот на граѓани кои се занимаваат со риболов како рекреативен спорт е голем, исто така голем е бројот и на оние кои благодарение на риболовот ја обезбедуваат семејната егзистенција. Несоодветното управување во оваа област на делување е на штета на економијата на земјата, но пред се е на штета на ендемичниот воден свет и природата воопшто.

ЕУ со неколку препораки за правната рамка за РСМ за риболовот

Прилагодувањето на националната правна рамка кон Заедничката политика за риболов на ЕУ е еден од условите што нашата земја мора да ги исполни на патот кон интеграција во европското семејство. Во Извештајот за напредокот, објавен од Европската комисија, е оценето дека Северна Македонија не се движи со вистинско темпо во однос на оваа област на делување.

„Административните капацитети за управување со ресурсите и флотата, инспекциите и контролата на политиката за риболов остануваат недоволни. Треба да се подобрат капацитетите за контрола на нелегалниот, непријавениот и нерегулиран риболов, во согласност со барањата на ЕУ. Северна Македонија сè уште треба да ги зајакне формулирањето, спроведувањето и капацитетот на својата политика. Треба да се подобри целокупната координација, вклучувајќи ги еколошките власти, во врска со заштитата на биолошката разновидност“, е истакнато во Извештајот.

Што се однесува до тоа дека во областа на риболовот нема доволно контроли и инспекции од страна на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ), се наведува дека поглавјето 13 од Извештајот за напредокот се однесува само на мал дел од надлежностите на оваа институција и дека на поголем обем се однесува на други институции. Од ДИЗ тврдат дека малку инспектори работат во оваа насока, но дека се оптимисти за подобрување на состојбата.

„Недоволен број инспектори за контрола на риболовот не е главната забелешка туку заклучок и не зависи од Државниот инспекторат за земјоделство, туку од политиката за вработување, односно пополнување на работни места при природен одлив на инспекторите. Сепак, истакнуваме дека РСМ, како мала земја, можеби нема да има голем број инспектори кои работат во оваа област. Исто така, истакнуваме и дека е започната постапка за пополнување на празните места за 9 инспектори, од кои дел ќе работат на оваа област. Нормално, сето тоа во согласност со напредокот на земјата кон ЕУ, а особено по почетокот на преговорите, ситуацијата ќе се подобри“, рече за Порталб.мк Зоран Шапуриќ, директор на ДИЗ.

Од ДИЗ велат дека успешно се справуваат со феноменот на незаконски риболов бидејќи недостигот на инспектори на оваа област го покриваат со земјоделските инспектори.

Повќе на линкот vistinomer.mk