Полициски хеликоптер прелетува над Скопје, Гостивар и Тетово

Полициски хеликоптер вечерва по 20 часот го надлетува Скопје, Гостивар и Тетово. Дел од граѓаните се јавија во редакцијата на ТВ21, за да се информираат за што станува збор.

Преку достапните алатки го следевме летот на хеликоптерот, кој заедно со еден авион кој доаѓаше од Обединетото Кралство беше во воздух над Скопје, а откако авионот од ОК слета на скопскиот аеродром, полицискиот хеликоптер се спушти во близина на аеродромот.

По 15-тина минути хеликоптерот повторно беше во воздух.

Од Министерството за одбрана за ТВ21 велат дека нема летање на воени хеликоптери вечерва, а прелет на мал армиски авион за обука Злин имало во 18.30 до 19.00 часот на голема височина во Источна Македонија.

Од МВР за ТВ21 велат дека станува збор за тренажен стандарден лет кој често го спроведува полицијата.