Русија го обвини Гугл за ширење лажни вести

0
371

Рускиот медиумски регулатор, Роскомнадзор, го обвини Гугл за прекршување на рускиот закон и најави казнени мерки против гигантската технолошка компанија, вклучително и забрана за рекламирање на платформата и нејзините информативни ресурси.

Во соопштението на рускиот регулатор е наведено дека видео платформата на Гугл, Јутјуб е претворена во „клучна платформа за ширење на лажни вести“за тековната неиспровоцирана инвазија на Русија на Украина, која руските власти ја нарекуваат „специјална воена операција“.

Видео материјалите кои се објавени на Јутјуб „ги дискредитираат вооружените сили на Руската Федерација“, додавајќи дека мерките против Гугл, кои вклучуваат предупредување во пребарувачите дека го прекршува рускиот закон, ќе останат во сила се додека не се усогласи со законодавството.

Засега нема коментар од компанијата по соопштението на рускиот регулатор.

 

Радио Слободна Европа