Фрлена цигара предизвика пожар на нива во Битола – зафатена и фабрика, едно лице повредено

0
244

Голема трагедија е избегната со последни напори вчера во Битола, откако повозрасна жена фрлила догорче од цигара во нива, предизвикувајќи пожар, кој потоа се проширил на фабрика во близина, а при гаснењето бил повреден чуварот на објектот, соопшти МВР.

На 09.04.2022 околу 15.30 часот во СВР Битола, В.А.(77) од Битола пријавила дека околу 15.30 часот во нејзина нива на ул.„Индустриска” настанал пожар од отпушок од цигара кој го фрлила, но пожарот не успеала да го изгасне. Според пријавеното, пожарот се проширил на соседната фабрика, а при обид да го изгасне пожарот, со повреди се здобил М.Ѓ.(29), вработен како обезбедување, велат од полицијата.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола го изгаснала пожарот. Увид извршила екипа од СВР Битола и се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува поднесок, додаваат од МВР.