Пецаков: Решенија за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.
👉 Субвенционирањето на трошоците за комунални услуги, се однесува за периодот од 01.01.2022 година, заклучно со 31.12.2022 година.
👉 Согласно програмата за социјална заштита во буџетот на општина Охрид за оваа намена се предвидени 1.500.000,00 денари.
👉 Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670, 00 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата.