Охрид како привлечна туристичка дестинација наскоро ќе биде прикажан на турската НТВ телевизија откако викендов неколкучлена тамошна екипа сними репортажа во градов.
Гостите од Турција се запознаа со културно – историските знаменитости на Охрид и со вкусните охридски специјалитети. Во репортажата ќе бидат опфатени убавините на старото градско јадро со специфичните охридски занаети, копаничарство и охридскиот бисер, а ќе бидат прикажани и убавините на манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Пред екипата од новинари и камермани беше подготвено охридското ѓомлезе, а гостите беа запознаени и со начинот на лов на риба.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска потпиша решение со кое досегашната директорка на детската болница „Козле“, која деновиве побара медиумите…