Разбојници ограбиле пошта во Мала Речица

0
444

Оружен грабеж се случил претпладнево во објект на „Пошта на Северна Македонија“ во тетовска Мала Речица. Две лица го извршиле грабежот, за кој засега нема информации колку пари се одземени.

– Денеска околу 10 часот и 15 минути во СВР Тетово, вработен во „Пошта на Северна Македонијa“ пријавил дека во експозитура во тетовска Мала Речица две лица со закана со огнено оружје одзеле пари. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, информираа Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По увидот ќе почнат и други мерки за расчитување и документирање на случајот.