Пендаровски пред официјалната посета на Црна Гора, денеска одмара во најпознатиот агротуризам комплекс во Албанија

0
283

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре – 12 и 13 април 2022 година, вторник и среда, ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора. Денеска пак претседателот е во Албанија. На официјалниот профил на најпознатиот агротуризам комплекс Mrizi i zanave. Комплексот има ресторан и апартмани и е пример како треба да изгледа туристички комплекс. Околу комплексот има ниви и овоштарници и се чуваат домашни животни, а производите се користат во кујната на ресортот.

Инаку во Подгорица, утре – 12 април 2022 година, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес конференција на двајцата претседатели.

Во рамки на посетата, претседателот Пендаровски ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на Владата на Црна Гора и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на Владата и мандатар за состав на нова Влада на Црна Гора.

Во среда – 13 април 2022 година во Бар ќе се одржи свечена церемонија на која претседателот Пендаровски ќе ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.