ВМРО ДПМНЕ: Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, Спасовски да поднесе оставка веднаш

0
375

Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има. Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе.
Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем.

Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство?

Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството.

Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш.