Распишана меѓународна потерница за убиецот на хрватскиот ракометар

0
295

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница покрај централниот распис за за Ангело Георигевски роден на 13 јануари 1994 година во Скопје, каде и живее на улица број 9 број 5 во село Волково. Тој се бара по наредба број 1211/22 од 12 април на ОЈО Скопје, поради основано сомневање за сторено кривично дело убиство.

Ѓоргиевски е првоосомничен за убиството на 28-годишниот ракометар од Хрватска Денис Тот кого како што се гледа на снимките од безбедносните камери, пред дискотеката Привилиџ во градскиот парк, минатата недела го удрил, од што ракометарот паднал на асфалтот и се здобил со смртоносни повреди на кои подоцна им подлегна на КАРИЛ.