(ВИДЕО) Ритам кој ќе ве „зарази“ уште на прво слушање: Лозано има нова песна – „После полноќ“

0
423

Конечно, по подолго време една од нашите најголеми музички ѕвезди – Влатко Лозаноски – Лозано ја објави својата најнова песна.

„После полноќ“ е името на новата нумера и дефинитивно таа ќе биде пријатно изненадување за публиката.

„Презадоволен сум тоа како звучи песната, а се разбира и од тоа како изгледа видеоспотот. Сега останува само публиката да си го каже своето, јас сум сигурен дека ќе им се допадне“, вели Лозано.