Уапсен началникот на граничниот пункт Блаце кој беше сниман како бара мито

0
272

По апсењето на началникот на граничниот пункт Блаце, Алсат дознава дека акцијата продолжува и се очекува да има и други апсења.

– Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце. По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, стои во соопштението на МВР.

Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

извор: Алсат