Грчката претседателка позитивна на Ковид-19

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу е позитивна на Ковид-19, со благи симптоми и е во карантин во нејзиниот дом, соопштија од претседателската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат, веќе е во изолација, а се одложени сите закажани активности.

Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината.