Тито Петковски се повлекува од челната позиција во НСДП

0
371

Тито Петковски се повлекува од челната позиција во НСДП, а потпретседателот на партијата Горан Мисовски и Кристијан Трајковски, директор на станбеното претпријатие имаат амбиции да го наследат досегашниот претседател, потврдуваат од НСДП за НОВА.

Кој ќе биде лидер на НСДП ќе се знае на редовниот конгрес на 4 јуни.

Општинските комитети на партијата може да излезат со свои предлози, а кандидатите може и сами да се пријават, постапката е отворена, велат во партијата која во декември 2021 прослави 16 години од основањето.