Дел од фабриките кои произведуваат масло за јадење тврдат дека зејтин има доволно, но според нив проблемот зошто граѓаните немаат од каде да купат лежи во политиката на маркетите кои сакаат да плаќаат на одложено.
Според велешки Кристал и Струмички Бисер масло има доволно, магацините и според последните снимки се гледа дека се доволно полни а редовно се увезува од соседна Бугарија нерафинирано масло од каде пак увозната цена ја диктира малопродажната.
Според вицепремерот Битиќи нема опасност земјава да остане без масло а за тоа дали ќе има пад на цените во малопродажба по укинувањето на царините рече дека допрва треба да се види со увозниците.
Увозниците и преработувачите на масло не очекуваат пад на цената на маслото за јадење по маркетите по најновата одлука да се укине царината бидејќи секаде во регионот маслото е веќе поскапено заради влијанието на Украинската криза. Единствено ефтино масло за јадење има во Србија но тоа е заради забраната за извоз и затворените граници од каде се најавува раст на извозните цени при евентуалната одлука за кревање на граничната рампата за извоз.
Канал5