Дали имаме вештичка криза за масло? Производителите велат повеќе од 500 тони пакувано масло е подготвено за продажба но никој не го бара заради мала маржа

0
239

Дали кризата со маслото за јадење е вештачки создадена ? Масло има во магацин, има во стокови резерви, ама се чека Амин од Србија. Во изјава за порталот “Сакам да кажам” , директорот на велешка „Маслодајна“ , вели дека повеќе од 500 тони пакувано масло за јадење е подготвено за продажба но никој не му го бара нити купува откако државата се откажала од ДДВ-то и ја ограничи трговската маржа.

„Имаме доволно залихи на масло за јадење. Ние, како најголем производител од сончоглед, се обезбедивме и не сме зависни од увоз во овој период. Граѓаните не треба да имаат загриженост, ние работиме тековно и ги задоволуваме потребите на пазарот. Секој трговец кој ќе се обрати може да набави масло за јадење, секој ден. Не трчаме да обезбедиме рафинирано масло. Не чекаме Србија или друга држава да дозволи извоз на сурово масло. Без разлика дали ќе се дозволи, ние имаме доволно количини да ги задоволиме потребите на македонскиот пазар“, вели Лазов во изјава за СДК.

Полни се и стоковите резерви и повеќе од тоа што е утврдено со Закон, вели за АЛФА, директорот Абдурахами. Иако Законската регулатива дозволува во случај на поголемо нарушување на пазарот да бидат отворени стоковите резерви, досега не слушнавме за такво нешто. Според директорот, до сега во државата немало ситуација кога трговците биле спречени да набават, а недостатокот бил поради тоа што побарувачката од луѓето е поголема од нормалната.