(ВИДЕО) Се преврте хеликоптер на вооружените сили на БиХ

0
293

Хеликоптер на вооружените сили на БиХ со четири члена на екипажот се преврте денеска за време на редовна летечка обука кај Високо.

Леталото, според Министерството за одбрана на БиХ, се превртело додека било на земја и никој не е повреден во инцидентот.

На хеликоптерот има видливи траги од оштетување, а надлежните служби спроведуваат истрага за причините на превртувањето.