(ВИДЕО) Некст Тајм обработија уште една легендарна македонска песна, слушнете ја …

0
526

Групата Некст Тајм, кој стана позната по обработки на патриотски македонски песни како Ја излези Ѓурѓо и Нешто ќе те питам бабо, сега ја објавија својата најнова обработка „Кога падна на Пирина“.

Видеоспотот за новата преработка на „Некст тајм“ вечерва беше промовиран во Кино „Милениум“ во Скопје.

Аранжманот на песната го изработи музичарот Николче Мицевски.

Станува збор за легендарната песна за Јане Сандански и неговото загинување на заседа на Пирин планина. Притоа тој е посетен од три соколи, кои ги претставуваат трите дела на поделената Македонија, и им порачува дека татковината ќе роди нови јунаци кои ќе ја ослободат.