Градоначалникот Пецаков оствари средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер

0
298

Денес, остварив средба со претседателот на Парламентот на провинцијата Виена, господин Ернст Волер и со координаторот за интеграција на Австрискиот фонд за интеграција, господин Бахри Троја.
🗣
 Разговаравме за продлабочување на соработката во повеќе области, за туристичко промовирање на Охрид во Виена, но и за размена на искуства во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО.
👉
 Секоја размена на искуства е добредојдена, особено кога доаѓа од луѓе кои директно се вклучени во процес за реализирање на препораки од УНЕСКО, пишува во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.