ВМРО ДПМНЕ: Власта на СДСМ има милиони евра за криминални студии, мебел и службени возила, а не дава за покачување на платите кои следуваат согласно колективен договор

0
331

Инфлацијата го изеде стандардот на граѓаните. Платите ја изгубија трката со цените кои галопирачки растат. Основните животни потреби на граѓаните поскапеа од 30 до 110%. Затоа е оправдано барањето на просветните работници за покачување на платите, до толку повеќе што нивните плати се едвај над минималните плати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

ВМРО-ДПМНЕ предложи зголемување на платите, а дополнително ќе предложиме закон за нивелирање на коефициентот на сложеност за работните места во образованието, со што ќе се зголемат платите во просветата.

СДСМ наместо да манипулира со јавноста и да врши притисоци на просветните работници, треба да одговори како може да има милион евра за криминална физибилити студија, 2 милиони евра за мебел и цвеќиња, 2,5 милиони евра за службени возила, а да нема за повисоки плати на просветните работници кои патем им следуваат согласно колективниот договор.