Османи: Има документ кој е прифатлив за македонската страна, но сѐ уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија

0
477

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи денеска (14.04) информираше дека има документ како основа за договор со Бугарија, кој е прифатлив за македонската страна, но сѐ уште нема одговор дали тој е прифатлив и за Софија. Детали за тој документ засега не се споделуваат ниту со пратениците ниту со граѓаните, објави DW.

„Има еден таков документ којшто сме спремни да го прифатиме, меѓутоа сѐ додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани предусловите за да можам да ги информирам пратениците и јавноста. Тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно“, изјави Османи. Тој оцени дека има напредок во размислувањата како да се надмине ова прашање. На дневна основа се одвиваат комуникации меѓу македонскиот и бугарскиот државен врв.

Ваквите изјави на Османи доаѓаат во пресрет на посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева и Костадин Костадинов од партијата Преродба, кои се очекува да допатуваат в сабота (16.04) во Битола. Најавите се дека бугарските политичари ќе присуствуваат на отворањето на културниот клуб на Здружението „Ванчо Михајлов“ во Битола. Јотова и Захариева, како и Костадинов, се очекува потоа да заминат за Охрид, каде што, според најавите, треба да отворат библиотека.

Текстот во целост на:DW.