Клементина се смеела кога ја привеле за вмешаност во бруталното убиство на ракометарот Денис Тот!

0
488

Однесувањето на 19-годишната Клементина Левковска, која е една од тројцата осомничени за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, ги изненадило и полицајците во полициската станица, пишува „Јутарњи“.

19-годишната девојка, која на снимката што се појави во јавноста по убиството се гледа како го удира Тот додека тој лежи на земја, според изворот на порталот не покажувала знаци на каење поради злосторството.

„Само се смееше, како да сме ја привеле поради кражба на литар мастика во продавница, а не за насилна смрт“, им открило неименувано лице на новинарите од „Јутарњи“,, пренесува хрватскиот портал.

Во моментов сите тројца осомничени за случајот се приведени.